Судски преводи


Што е судски превод?

 

Судскиот превод е интегрален превод на еден документ од еден во друг јазик, изработен од преведувач кој е овластен за тоа, т.н. судски преведувач.

 

Изработуваме судски преводи во повеќе јазични комбинации.

 

Кога е потребен судски превод?

 

Судскиот превод обично е потребен за документи наменети за користење кај органите на власта, на пример: во општина, кај службата за имиграција и натурализација, во полиција или во суд, како и кај адвокати или нотари. Во некои случаи, за изработувањето на судскиот превод неопходен е оригиналниот документ.

 

Доколку не сте сигурни дали за вашите документи е потребен судски превод, најдобро е најпрво да се распрашате кај органот каде сакате да го поднесете документот.

 

Од што се состои судскиот превод?

 

Еден судски превод се состои од оригиналниот документ, преводот на истиот и една изјава на преведувачот. Овие три составни делови се поврзуваат заедно за да се избегне било каква злоупотреба, откако преведувачот на сите страници ќе се потпише и ќе го стави својот службен печат.

 

Што ни е потребно за изработување на еден судски превод?

 

При првиот контакт, заедно со вас ќе се осврнеме на следните прашања:

 

– За каков документ се работи?

– Дали се работи за оригинален документ или фотокопија?

– Кој орган го издал документот и каде?

– За која земја и за кој орган е потребен судскиот превод?

 

Внимавајте: Многу е важно да знаете дека поголемиот број на органи на власта во Кралството Холандија бараат заедно со судскиот превод да биде поднесен и оригиналниот изворен документ, а не неговата фотокопија. Во некои случаи е потребно на оригиналниот документ да стои апостил или документот да биде легализиран. Овие барања можат да зависат од органот на власта или од земјата. Тука можете да најдете поцелосни информации за тоа.