За нас


SHM Language Services е основана од Шерефедин Мустафа. Пораснат во повеќејазична средина, уште од раната детска возраст владее со повеќе јазици. Интересот за нови јазици и култури го поттикна да студира француски и италијански јазик.

 

По завршувањето на студиите, долго време работеше како толкувач и преведувач во државни органи во разни земји после што, во 1991 година се смести во Холандија. Тука студираше холандски јазик и од 1992 година е регистриран како официјален толкувач и преведувач.

 

Во 1995 година ја основа преведувачката агенција SHM vertaalbureau. Во неговото работно подрачје биле застапени институции од владиниот и полу-владиниот како и од приватниот сектор.

 

Во текот на годините бројот на клиентите на SHM vertaalbureau се зголеми со клиенти и од други земји. Оттаму се јави потребата за ново заштитно име на фирмата заради подобро отсликување на нејзиниот меѓународен карактер.

 

Во април 2011 година е извршена регистрацијата на SHM Language Services во трговската комора.