Локализација


Можеме да ја локализираме вашата веб-страница со преведување на постоечки и нови содржини и да ве посоветуваме околу културните аспекти специфични за целната група на која сакате да ѝ се обратите.

 

Секој народ и секоја култура имаат свој начин на комуницирање. Начинот на кој некој пишува, чита или пристапува кон одредена содржина и ја интерпретира истата, може да се разликува во зависност од народот, земјата или регионот. При преведувањето на вашата веб-страница водиме сметка за тие разлики и во договор со вас ја прилагодуваме содржината и пораката со цел што подобро да ѝ одговараат на вашата нова целна група.

 

Вашата веб-страница ја преведува преведувач кому јазикот на кој преведува е негов мајчин јазик. Преводот се испорачува откако ќе биде проверен од еден друг професионален преведувач, на кого целниот јазик е исто така негов мајчин јазик.