Детекција на јазик


Новите технологии стигнаа дотаму што веќе се направени неколку чекори во правец на автоматизираната детекција на јазик. И покрај тоа, детекцијата на јазици сѐуште ја вршат стручњаци.

 

Имате ли снимена порака или друг тонски или филмски материјал на јазик кој што тешко може да се детектира или идентификува? Дали ви е важно да дознаете кој јазик или кое наречје се зборува со цел тие снимки да ги дадете за преведување, да ги обработите или употребите на друг начин?

 

Кога се работи за јазици и дијалекти кои се зборуваат во земјите на Бенелукс и Југоисточна Европа, ние можеме да ви помогнеме.

 

Врз основа на нашето искуство, можеме да идентификуваме содржина пишувана или говорена на албански, босански, бугарски, грчки, македонски, романски, ромски, словенечки, српски, турски, холандски и хрватски јазик.