Толкување


Најдобриот начин да ја изразиме нашата почит кон соговорникот е да му се обратиме на неговиот мајчин јазик.

 

Ова правило отсекогаш претставувало основа за комуникација меѓу луѓето со различно потекло при воспоставувањето на меѓусебен контакт. Бидејќи сите не го зборуваат јазикот на соговорникот, може да се користи толкувач, лице кое го преведува разговорот на еден друг јазик за оние кои не го разбираат јазикот на соговорникот.

 

Ние сме толкувале не само за лекари, високи функционери, судии, министри, туку и за шефови на држави, но исто така и за пациенти, бездомници и бегалци.

 

Главната задача на толкувачот е да биде неутрален и да го преведува само она што соговорниците го кажуваат еден на друг.