А. ден Долард: „Ориент-Експрес„, краток преглед

Кога во 1931. година холандскиот писател А. ден Долард (A. den Doolaard, 1901-1994) случајно ја прочитал книгата „Тајните здруженија„ за првпат дознал за постоењете на В.М.Р.О. и сосема обземен од страста за авантура си купил една возна карта во еден правец и од Марсеј каде се наоѓал во тоа време тргнал за Белград со цел од таму да појде до Македонија и што повеќе да дознае за таа организација.

Во тоа тој и успеал. Благодарение на неговото патешествие по Балканот, при што патувал низ Скопје, Пиринска Македонија па се до Солун а оттаму пешки низ Албанија па се до Сараево, холандската литература е трајно збогатено со вистинска ризница од патеписи од Балканот од почетокот на `30. години на 20. век како и од романи кои обработуваат теми од тоа поднебје и време.

Еден од неговите најпознати романи од тој низ е секако „Ан со потковица„ кој досега 28 пати е преиздаден и за кого знае речиси секој холанѓанец кој завршил најмалку средно училиште. Се работи за роман првпат е издаден во 1933. година и во кој е обработена темата на крвната освета во Северна Албанија. Овој роман во 1993. година е објавен на албански јазик кај издавачката куќа „Флака е Влазеримит„ во Скопје.

Во 1934. година А. ден Долард ја објавил својата патеписна репортажа на Француски јазик под наслов „Четири месеци кај комитаџиите„, по што во 1935. година следи книгата на Холандски „Слобода или смрт„. Во овие два наслова авторот ги опишува своите доживувања за време на неговото трагање по вистината за тогашната В.М.Р.О. Во нив тој дава еден историски преглед и го опишува оснивањето на В.М.Р.О., идеалите на нејзините оснивачи и нејзиниот распад.

Најубавите патеписи на А. ден Долард од Македонија… [читајте го целиот текст]


Назад