Знаменосец на Маѕара дел Вало

Маѕара дел Вало, 11 август 2017 година,

Во Палатата на Језуитите во сицилијанскиот град Маѕара дел Вало е одржана свеченоста на доделувањето на признанието Знаменосец на Масара дел Вало (Alfiere di Mazara del Vallo) на г-дин Шерефедин Мустафа, толкувач и преведувач со потекло од Македонија, кој живее и работи во Холандија, и подолго од 30 години делува како амбасадор на културата и традициите на Маѕара дел Вало и Сицилија, на меѓународно ниво. Признанието му го врачи Градоначалникот Николо Кристалди во придружба на Стено Мараша, општински раководител во времето на организирањето на Средбите помеѓу Народите од Средоземното Море од страна на големиот публицист, поет и хуманист од овој град, Роландо Черта.


Назад