Од збор до слика…

Можеби звучи изветвено, но од појавата на интернетот, светот станал помал. Проектот за дизајнирањето на логотипот на SHM, преведувач од Македонија кој живее во Холандија,  целосно е реализиран преку интернет од еден дизајнер од Холандија кој живее во Шпанија. Значи, веќе не е важно кој дизајнер живее поблиску до тебе, туку што содржат неговите досегашни изготвени дела и во која мерка клиентот и дизајнерот се разбираат меѓусебно.

Благодарение на страста која ја имаме за нашите професии, набргу стекнав убедување дека Шерефедин и јас бевме на иста линија, на иста бранова должина. Опширните упатства кои ги добив од него во повеќе аспекти, ме потсетуваа на еден вид на манифест. Шерефедин самиот истакна дека транзициите на M.К. Ешер ги смета како убава метафора за начинот на кој тој ја гледа својата професија, а еден дизајнер не може ни да замисли поубав поттик од тоа. За креирањето на еден логотип и бренд најважно е да се започне од некаков концепт. Кога една компанија функционира од некаков идеал, обично е лесно да се открие и соодветниот концепт.

Ешер се обидувал соодносот меѓу реалноста и графичкото прикажување на истата да ги манипулира на еден за него карактеристичен начин, со цел да креира еден навидум невозможен универзум. Според мене, еден преведувач во некоја смисла тоа и го прави. За клиентот на преведувачот всушност постои еден невозможен универзум: тоа е туѓиот јазик, кој што преведувачот сепак го преобразува во разбирлива целина за клиентот. Исто како и во делата на Ешер, доаѓа до една транзиција.

Сосема е разбирливо дека сум експериментирал и со други концепти или скици, но речиси е невозможно човек да избегне една толку убава метафора.

За еден логотип е многу важно во него да не се внесат многу точки кои привлекуваат внимание. Имено, она што е важно и што сакаме да го кажеме, да го направиме со што е можно помалку визуелни елементи. Тоа му овозможува на логотипот да биде целосно „апсорбиран“ од гледачот уште на прв поглед. Внесувајќи слоеви во логотипот, обработувајќи го во него концептот кој што пред малку го спомнав, тој добива поголема тензија и на тој начин не само што лесно се „апсорбира“, туку и се врежува во сеќавањето.

Во симболот кој што го изработив за SHM, влијанието на Ешер е видливо: навидум невозможната транзиција. Додатен елемент е линијата која се протега низ логото формирајќи едно „S“. Освен тоа, благодарение на своите течни форми и континуирани линии симболот може лесно да се употреби како шаблон, кој што сме го употребиле во печатениот канцелариски материјал (визит картички, меморандуми итн.).

Floris Voorveld
florisvoorveld.com

[really_simple_share]


Назад